Реал повторно киксираше, Леванте со бод си замина од „Бернабе“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид по фантастичната мината сезона и успешниот старт на новата како да заборави да победува и втор пат по ред извлекува реми со релативно послаби противници од нив.

Овој пат „Кралевите“ ремизираа на својот стадион со тимот на Леванте во рамките од третото коло на шпанската Ла Лига.

Зидан направи многу рокади во составот и настапи без Бејл, Навас, Модриќ и Иско, а во тимот го немаше и Кристијано Роналдо кој се уште ја одлежува суспензијата.

Во 12. минута следуваше шок на „Бернабе“ откако Иви Лопез ја искористи грешката на домашната одбрана и го матираше Кико Касиља.

Реал го изедначи резултатот во 32. минута преку Лукас Васкез кој најдобро се снајде во шеснаесетникот на Леванте и го матираше гостинскиот голман.

На крајот ова беше конечен резултат на натпреварот во кој шанса за настап не доби македонскиот интернационалец, Енис Барди.