Реал ќе се согласи со понудата на Јуве, но Роналдо морал да ја признае вистината!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Секој ден пристигнуваат нови информации за потенцијалниот трансфер на векот – преселбата на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.

Иако никој не веруваше до пред неколку дена дека Роналдо на крајот би можел да се пресели во „старата дама“, сега тоа е многу реално.

Шпанските и италијанските медиуми пишуваат дека Реал планира да го пушти Португалецот за 100 милиони евра, но само во случај доколку Роналдо ја соопшти неговата одлука пред јавноста.

Да потсетиме, италијанските медиуми претходно открија дека во јануари бил направен џентлменски договор, со кој е договорено Роналдо летово да го напушти Мадрид за 100 милиони.

Сепак, „Кралевите“ ќе добијат голем број критики зашто најдобриот играч ќе го напушти клубот, па поради тоа претседателот Флорентино Перез мора да најде некоја замена.

Исто така, развојот на ситуацијата му овозможи на Реал јавно да се заблагодари на Роналдо за сè што направил и избегна црно сценарио кое се случи кога Икер Касиљас заминуваше од екипата.

„Марка“ на денешната насловна страна пишува дека Роналдо му го дал својот збор на претседателот на Јувентус, Ањели, па наскоро се очекува реализација на трансферот.