Реми без многу шанси против Финска


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми без голови на првиот тест во Анталија против репрезентацијата на Финска.

На „Глорија арената“ не видовме баш допадлив фудбал и во сите 90 минути имаше само две полушанси на двете страни.

Нашата репрезентација имаше нешто повеќе посед од Финска, но за жал не успеа ниту еднаш сериозно да се закани кон Храдецки.

Единствено солидна шанса имаше Адеми во 57. минута од средбата кога излезе сам пред голманот на Ајнтрахт но овој со крајни напори го одбрани ударот на нашиот репрезентативец.

Следната тест средба на програмата е закажана за вторник кога нашите репрезентативци ќе се сретнат со Азербејџан.