Репрезентативците на Бразил го изнамачија светскиот шампион, Шведска едвај против Египет


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанија, Шведска, Франција и Норвешка ги запишаа своите први победи во натпреварите од првото коло на Светското првенство кое се игра во Германија и Данска.

Французите стигнаа до неочекувано тешка победа од 24:22 против селекцијата на Бразил. Триколорите на полувреме заминаа со предност од 16:13, а на почетокот на второто полувреме ја зголемија предноста на шест голови, но потоа следеше неверојатна серија на Бразил.

„Кариоките“ стигнаа и до израмнување во финишот на мечот, но во последните моменти Франција ја покажа својата класа и успеа да го добие натпреварот.

Слично како и Франција, за победа се изнамачи и селекцијата на Шведска која славеше против Египет со 27:24.

Шпанија немаше проблеми со Бахреин и го совлада со 33:23, додека Норвешка со 34:24 беше подобра од репрезентацијата на Тунис.