Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид по победата во градското дерби против Атлетико потполно се врати во игра за тофејот во Примера.
Во тоа помогна и ремито на Барселона во Билбао, но „Кралскиот клуб“ веќе се подготвува за следната сезона.
Дон Балон пишува дека во Мадрид се импресионирани од новиот фудбалер на Милан, Лукас Пакета, и дека со задоволство би го виделе во своите редови веќе во летниот преоден рок.
Реал го сакаше уште кога Бразилецот беше во Фламенго, но цената од 40 милиони евра беше голема за Шпанците бидејќи сметаа дека играчот за врска не вреди толку пари.
Сега одлично ја започна кариерата во Милан, синоќа го постигна и првиот погодок во новиот дрес, а познато е дека Флорентино секогаш ги сака најновите ѕвезди на фудбалскиот пазар.
Пакета има 21 година, многумина го споредуваат со легендарниот Кака, кој веќе го мина патот од „Сан Сиро“ до „Бернабеу“ во рекордниот трансфер во 2009. година, но не се прослави претерано во дресот на Реал.