Ристовски го освои својот прв трофеј со Спортинг Лисабон


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и член на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски стигна до својот прв трофеј во својот нов клуб.

Тимот предводен од Жорже Жезус вчера триумфираше во Лига Купот на Португалија откако по изведување на пенали ја совлада екипата на Виторија Сетубал. Во регуларните 90 минути натпреварот заврши без победник, 1:1.

Ристовски не доби шанса на овој натпревар и истиот го гледаше од клупата за резервни фудбалери.