Ричарлисон му откри голема тајна на Нејмар, а потоа му се смеела цела екипа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во претходните неколку месеци еден од играчите кои изненадија е Ричарлисон, кој заигра феноменално на почетокот на сезоната во дресот на Евертон, каде што пристигна од Вотфорд.

Ричарлисон имаше неколку одлични настапи, а летово Евертон реши да го купи и тоа се покажа како одличен потег.

На собирот на Бразил пред десетина дена Ричарлисон признал дека сон му било еден ден да игра за Бразил, но и да го запознае својот идол Нејмар.

Тие двајца играа заедно и покажаа неколкупати дека добро се разбираат на теренот, по што Ричарлисон открил интересна анегдота.

„Нејмар ми е идол од детството. Секогаш се обидував да ги копирам неговите потези, а дури сакав да имам и иста фризура како него. Се сеќавате на таа мохиканската фризура, е тоа го направив и јас. Сепак, мене не ми одеше најдобро, зашто немав како да ја одржувам“, кажа Ричарлисон.