Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Момците на Горан Андоновски вечерва и утревечер во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го играат двомечот со холандски Крас Волендам, во рамките од првото квалификациско коло за пласман во групната фаза на Купот на ЕХФ.
Во Охрид целиот период пред средбата владее спортска еуфорија, а мечот со Волендам е број еден тема во чаршијата.
Волендам е тотално непозната екипа за нашиот претставник во ова натпреварување, а истото важи и за холандскиот тим, кој Охрид го претстави како мистериозен клуб.
„Играме против мистериозен тим, кој не го познаваме воопшто. Едно знаеме, ќе ни биде тешко, бидејќи публиката е голем фактор во овие мечеви. Домашните играчи ќе бидат во прв план и ќе бидат ѕвезди, бидејќи ракометот е спорт број еден во Македонија и на Балканот“, изјави капитенот на Волендам, Леон ван Схи.
За тренерот на РК Охрид, Горан Андоновски, овој состав на гладијаторите е подготвен да пишува историја, она како што тоа го прави и во изминатите 3-4 години.
Охриѓани ќе играат без Марко Кобетиќ кој заработи повреда на пријателскиот натпревар против Пелистер.
Почетокот на првиот натпревар е вечерва во 19 часот, а во истото време и на истата локација утревечер се игра и реванш средбата. Блок билетите за двата натпреварувачки дена се по цена од 150 денари.