Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во редовите на битолскиот ракометен тим Пелистер пристигна еден од најдобрите играчи во македонскиот шампионат.
Нов ракометар на битолчани е Марко Кобетиќ кој досега со успех настапуваше во дресот на РК Охрид.
-Прекрасната атмосфера која владее кога игра Пелистер во салата Младост бодрена од далеку познатите “Чкембари” и тоа како допринесоа да се одлучам на трансфер во “ракометна Битола” и покрај повеќето понуди од странство кои ги имав на моја адреса – изјави Марко Кобетиќ за клупската фан страна на РК Пелистер непосредно по потпишувањето на договорот со Пелистер .
Марко Кобетиќ изминативе години е еден од најдобрите средни бекови во нашиот шампионат, а неговото заминување со сигурно ќе се почувствува во градот под Самуиловите тврдини.