Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Рома и официјално го потврдија трансферот на 21 годишниот играч од средниот ред, Лоренцо Пелегрини.
Талентираниот фудбалер кој потекнува од школата на Рома се враќа во клубот по две одлични сезони поминати во Сасуоло за сума од десет милиони евра.
Репрезентативецот на Италија во младинска конкуренција со „Римската волчица“ потпиша договор во времетраење од пет години.
„Неверојатно е чувството да се вратиш назад. Ова беше моја цел од моментот кога се приклучив на Сасуоло. Ова е кулминација на одличните две сезони поминати со Сасуоло“- коментираше Пелегрини по потпишувањето на договорот.
Минатата сезона Пелегрини за Сасуоло настапи на 28 натпревари и постигна шест погодоци, а запиша и седум асистенции.