Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Рома, Един Џеко се наоѓа на мета на Челси, но јасно е дека Рома нема да го пушти туку така еден од своите најдобри фудбалери.
Пред неколку денови во англиските медиуми се појави информација дека Челси во своите редови го сака Един Џеко, како и Емерсон и се подготвени да платат околу 50 милиони евра.
Утрово пристигнаа информации дека Челси и Рома се договориле за трансферот на Емерсон, но сеуште не се знае што ќе се случува со Џеко.
Наводно, Џеко сака да ја продолжи кариерата во Челси, но Рома не сака да го пушти лесно. Тие сакаат 20 милиони евра и дополнителни бонуси за 31-годишниот фудбалер и сега се очекува одговор од Лондон.








