Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во периодот од 18:55 часот беа одиграни два натпревари во кои победи издвоија фаворитите.
Фудбалерите на Рома со 2:1 славеа на гостувањето во Москва кај ЦСКА и така барем за кратко ја презедоа лидерската позиција во групата Г.
Волчицата поведе уште во четвртата минута, а стрелец беше Костас Манолас по асистенцијата на Лоренцо Пелегрини.
Арнор Сигурдсон во 50. минута го изедначи резултатот, а само шест минути подоцна неговиот соиграч Магнусон заработи исклучување.
Тоа го искористи Рома и преку Пелегрини погоди за 2:1 и победа за врвот на табелата.
Во вториот натпревар одигран од 18:55 часот Валенсија без поголеми проблеми пред својата публика со 3:1 го совлада тимот на Јанг Бојс.