Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо летоска од Реал Мадрид се пресели во Јувентус, а веднаш се прилагоди на италијанската Серија А и почна да руши рекорди.
Роналдо за кратко време стана еден од најважните фудбалери на „Старата дама“ и покажа дека доаѓањето во Јувентус за него бил многу добар потег. Португалецот во интервју за италијанските медиуми зборуваше за Реал Мадрид, а навивачите на шпанскиот клуб ги налути изјавата дека Јувентус е најдобар клуб во кој настапувал Роналдо.
Португалецот немаше добро збогување со „кралевите“, па на многумина им беше жал што на таков начин си замина Роналдо. Поради тоа Кристијано има добар однос со еден фудбалер, кој би сакал да го види во Јувентус.
„Гледам дека пишувате за пристигнување на Герет Бејл, Марко Асенсио или Хамес Родригез во Јувентус. Мислам дека тие не ни се потребни, но на таа тема разговарајте со претседателот. Сигурно дека вратата е отворена за добри фудбалери, но искрено јас би сакал да го видам Марсело во Јуве“, кажа Роналдо.