„Роналдо ми даде Плејбој и ми кажа: Или си со мене или оди кај Кака и другите верници“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Алесандре Пато зборуваше за неверојатните моменти по доаѓањето во Милано и средбата со најголемите ѕвезди во светскиот фудбал.

    Бразилецот кој моментално игра во Виљареал даде интересно интервју за медиумите.

    Кога во 2007 година стигна на „Сан Сиро“, во Милан сеуште имаше големи ѕвезди, меѓу кои беа и Роналдо и Кака.

    „Кога стигнав во Милан запознав големи играчи. Во соблекувалната седев помеѓу Малдини и Роналдо додека од другата страна беше Кака. Уште во првите денови Роналдо ми даде Плејбој и ме праша дали сакам да бидам во неговата група или во таа на Кака.“

    Моментите во Милан делувале неверојатно за Бразилецот.

    „Не чувствувам притисок, бев во сон. Играв таму бидејќи бев добар, бидејќи сакам фудбал. Притисок дури подоцна почуствував. Кога дојдов на медицински тестови докторот ми стави капки во очи кои ми го поматија погледот, дури и кога стигнав во Милано ги држев затворени очите. Дури потоа прогледав во текот на презентацијата на Анчелоти и на другите играчи. Најдобар момент ми беше кога стигнав во Милано.“

    За се што доживеал во тимот вели дека тоа било благодарение на Карло Анчелоти.

    „Да не беше тој, не би отишол во Милан. Анчелоти е заслужен за тоа што станав во фудбалот. Кога стигнав бев млад, а тој ми беше како татко на мене.“

    За Берлускони вели дека е вистинска легенда на клубот.

    „Тој секогаш беше ист. Беше господин и секогаш се однесуваше така. Кога отидов да ме пушти да се вратам во Бразил, тој прво не сакаше, а потоа се договоривме заедно со Галијани дека тоа е најдобра работа. Двајцата се заблагодаривме, односот беше феноменален.“

    За Барбара…

    „Никогаш не дозволив работите од првитаниот живот да излезат на теренот заедно со мене. Секогаш го давав својот живот за клубот, за навивачите и моите соиграчи. Од својот приватен живот ги паметам само најубавите моменти, но никогаш не дозволив да влијаат на мојата работа.“

    Во Виљареал тој повторно го најде мирот.

    „Одлично се прилагодив. По престојот во Бразил, враќање во Европа беше мој сон. Се чувствувам како да стигнав во Милан. Бонера ми зборуваше се најдобро за тимот, разговарав со тренерот и благодарен сум што ми ја дадоа оваа шанса. Имаме голем квалитет, сложни сме, имаме одличен тренер и сите сме среќни.“