„Роналдо многу брзо сфати дека ја загуби заштитата која ја имаше во Реал“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Уште трае дебатата и анализата на ситуацијата која го одбележа првото коло во групната фаза на новата сезона во Лигата на шампиони, поточно црвениот картон на Кристијано Роналдо.

Роналдо во средата на „Месталја“ заработи исклучување на своето деби за Јувентус во Лигата на шампиони во средбата со Валенсија.

Роналдо се расплака и го напушти теренот по 29 минута бидејќи Феликс Брих му покажа директен црвен картон.

„Роналдо веднаш сфати дека ја загуби заштитата која ја имаше во Реал Мадрид“, се појави на насловната страна на „Кориере дело Спорт“.