Роналдо нападна свој соиграч и му порача да си замине од Реал Мадрид!

Според медиумите, најдобриот фудбалер на Реал Мадрид ги ангажирал своите агенти да преговараат со Перез за Иско.

Роналдо бара одличниот играч за врска да биде продаден во следниот преоден рок и тоа не е негова иницијатива затоа што веќе обезбеди поддршка на неколку соиграчи.

Освен тоа, Португалецот бара Иско да не игра на натпреварите во ЛШ. Инсистира „маѓионичарот“ да остане на клупата во 1/8-финале против ПСЖ.