Роналдо: Посакувам Наполи да го освои Скудетото


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на сите времиња, Луис Назарио Де Лима Роналдо во интервју за „Газета дело спорт“ се осврна на ривалството кое последниве години го има помеѓу Јувентус и Наполи.

Бразилецот го спореди ривалството со она на Реал и Барса и истакна дека повеќе посакува Наполи да дојде до шампионската титула во Италија.

„Наполи- Јуве денес е како Реал-Барса во моето време. Тоа е двобој кој е на едно ниво погоре од останатите. Наполи има фасцинантен стил на игра, а од друга страна Јувентус ги уништува со ментална сила. По сите овие години доминација, би сакал Наполи да го освои скудетото иако сум навивач на Интер“- коментираше славниот Роналдо.

До крајот на сезоната ќе се води жестока битка помеѓу овие два клуба за титулата во италијанскиот шампионат.