Роналдо се договори: Затворска казна од две години и парична казна, а во Шпанија нема да оди ниту како турист!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите во Каталонија пишуваат дека Роналдо се договорил за плаќањето на данок, односно прифатил условна казна од две години затвор и казна од 19 милиони евра.

Со тоа би требало целата драма да биде завршена, Португалецот не сакаше да се прости од долговите во Реал Мадрид, зашто не сакаше да ризикува да се спротистави со Флорентино Перез.

Ја продаде куќата за 5,5 милиони евра, а ги продава и хотелите кои ги има за цена од 20 милиони евра.

Кристијано сака да ја остави Шпанија во минатото, а како што стојат работите, нема повеќе да оди таму ниту како турист.

Неговата желба е да ги среди сите обврски пред да стигне во Торино.