Роналдо се извинил на управата на Јувентус по црвениот картон!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јувентус ја победи Валенсија на гостувањето во рамки на првото коло во групата Х во Лигата на шампиони, но дуелот остана во сенка на црвениот картон на Кристијано Роналдо.

Италијанските медиуми пишуваат дека Роналдо останал два часа повеќе на „Месталја“, но и дека добил огромна поддршка од своите соиграчи.

„Ајде, Крис!“, викнал Бернардески кога влегол во соблекувалната по дуелот.

Управата на клубот разговарала со Роналдо по дуелот, а наводно Португалецот се извинил на присутните.