Роси одби да се ракува со Маркез: Нема потреба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Валентино Роси не е во добри односи со Moto GP шампионот Маркез.

Шпанецот стекна голем број на противници поради жестоките и опасни возења кои често ги форсира, а Роси не му го заборави дуелот од почетокот на сезоната кога Маркез го исфрли до стазата во текот на трката во Аргентина.

Неколку месеци подоцна, повторно нема ракување. Марк му пружи рака на легендарниот Италијанец, но тоа Роси го одби и тврдеше дека помеѓу нив се е во ред.

„Во ред е. Нема потреба од ракување. Немам проблем со Марк, нема причина да се смируваме“, изјави тој.