Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ во претходните недели се поврзуваше со трансфер во Милан.
Но, како што стојат работите во моментов, очигледно такво нешто нема да се случи затоа што Ибра речиси сигурно ќе остане во МЛС-лигата барем уште една година.
Швеѓанецот зад себе има добра сезона во Лос Анџелес Галакси и не е заинтересиран за нов клуб.
„Росонерите“ беа заинтересирани да го ангажираат во јануари Ибра и тоа на шестмесечна позајмица со опција да го откупат договорот, но наводно сега се предомислиле.
Ибра во првата сезона во МЛС-лигата постигна 22 гола и одигра 27 натпревари, а имаше и седум асистенции.