Рој Кин: Го добивте тоа што го заслужувате!


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Легендарниот Рој Кин вели дека играчите на Арсенал немаат квалитет, а тоа се покажало во вториот меч против Атлетико Мадрид во Лигата на Европа.

Јунакот на победата беше Диего Коста, кој го постигна единствениот гол во мечот и го однесе Атлетико во финалето.

„Мислам дека играчите го добија тоа што го заслужија, а тоа е ништо. Им недостигаше верба. Го критикував Арсенал и минатите години поради недостаток на карактер, а против Атлетико се виде дека немаат ниту квалитет“, вели Кин.