„Роџер е најдобар во историјата“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Поранешниот американски тенисер Џон Мекинро смета дека Роџер Федерер е најголем на сите времиња.

Според негово мислење, второто место е резервирано за Рафаел Надал, а меѓу топ 5 е уште и Ѓоковиќ.

„Федерер е најголем играч во историјата, поради неговиот талент и постојаност. Надал е втор – играа во најдобрите моменти од кариерата и Шпанецот беше подобар во меѓусебните средби. Мислам дека се на се Федерер е подобар, а Шпанецот имаше повеќе проблеми со повреди.“

„На трето место е Сампрас, потоа Лејвер, а во топ 5 е и Ѓоковиќ благодарение на фантастичните игри во последните неколку години.“