Рубијалес се противи на натпреварите во понеделник – знае како да се промени тоа!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанската фудбалска федерација и понатаму сака натпреварувањето во Ла Лига да не се игра во понеделник, а исто така желба е да се променат некои термини на шпанскиот фудалски шампионат.

Неодамна шпанската фудбалска федерација побара натпреварите во Ла Лига повеќе да не се играат во понеделник, зашто на тоа се противат навивачите. Претседателот Луис Рубијалес се надева дека од наредната година нема да има такви натпревари.

Тој, исто така, е против мечовите во недела од 12 часот, а тој термин е воведен поради азискиот пазар. Рубијалес смета дека професионалниот фудбал не треба да се игра во термин кога на програмата се аматерските натпревари.

Предлогот на Рубијалес е натпреварите од недела во 12 часот и понеделеник да се префрлат во термин во недела од 18.30 часот.

Тогаш би се играле три меча во исто време, што нема да им се допадне на клубовите, кои бараа различни термини поради тв-преносот.