Мурињо на Руни ја соопшти болната вистина?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Вејн Руни во дерби натпреварот на Јунајтед и Арсенал влезе од клупата за резервни играчи.

    Искусниот напаѓач влезе во игра во 63-та минута, при резултат 0:0, а медиумите побараа одговор од Мурињо за овој потег.

    „Очекував да доминираме со топката, како и со просторот бидејќи топката се движи брзо. Верував дека Мата и Рашфорд се побрзи од Руни и многу подобри еден на еден. Се надевав дека тоа беше подобра опција.“

    Мурињо потоа се наврати на Керик кој на крајот на сезоната останува без договор.

    „Тажно е бидејќи времето ни поминува на сите. Тој е фантастичен играч, секогаш го сакав. Наместо да бидам негов тренер кога имаше 25 години, јас го водам сега кога има 35.“, се пошегува Мурињо.