Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот англиски напаѓач, Вејн Руни на одличен начин ја отвори авантурата во САД каде направи трансфер во тимот на ДС Јунајтед.
Многумина мислеа дека Руни во САД ќе пристигне само поради парите и дека нема да се залага на теренот. Сепак, тоа големиот борец го демантираше со неговите партии на почетокот на неговата авантура во главниот град на Америка.
Во изјава за медиумите во САД, Руни истакна дека планира чесно да си ги заработи парите во САД:
„Не ми е јасно зошто луѓето се чудат што сум борбен, затоа што целата моја кариера бев таков. Можеби некои мислеа дека ќе дојдам овде и ќе шетам низ теренот затоа што сум подобар од другите. Тоа не е така, дојдов овде чесно да работам, а не само да ги земам парите и да исчезнам“ –истакна Руни.