Русија тргна победнички на Купот на Конфедерациите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Русија ја оправда улогата на фаворит во мечот со Нов Зеланд на отворањето на Купот на Конфедерациите.

Русите рутински со 2:0 славеа против Нов Зеланд во воведното коло, а многу потежок предизвик ќе имаат во следните две кола кога ќе треба да се соочат со репрезентациите на Португалија и Мексико.

Нов Зеланд одолеваше на нападите на Русија до 31 минута кога Боксал си постигна автогол, а  Смолов во 69 минута го постигна конечниот резултат.

Следниот натпревар на Купот на Конфедерациите е утре каде ќе се сретнат репрезентациите на Португалија и Мексико.