Рутинирана победа на новиот шампион, грчевите борба меѓу Победа и Шкупи за опстанок


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Вардар славеа со 2:0 против Ренова во рамките на 34 коло од ПМФЛ.

Вардар лесно славеше над Ренова со головите на Барсегјан и Балотели во 54 и 64 минута.

Шкендија и Работнички одиграа без победник 2:2.

Работнички преку Кире Марковски во 7 минута и Иван Вуковиќ во 41 минута на полувреме имаа предност од 0:2.

Радески со головите во 74 и 88 минута донесе бод на Шкендија.

Шкупи во второто полувреме го скрши отпорот на отпишаната Брегалница и стигна до значајна победа од 3:0.

Стрелци на головите беа Бајрами во 62 минута, Асани во 70 и Јаневски во 88 минута.

Во еден многу оштар дуел Победа стигна до победа против исто така отпишаната Македонија Ѓорче Петров.

Во 24 минута црвени картони добија Даниел  Карчески кај Победа и Трајче Стојковски кај Македонија.

Во 27 минута Александар Ристевски ги доведе домаќините во водство од 1:0, а во 30 минута, втор жолт картон, автоматски црвен доби Тветановски кај гостите од Ѓорче Петров.

Ристе Илијовки во 43 минута ја дуплираше предноста за домаќините.

Во 62 минута победа стигна и до 3:0, Јашаровски во 70 минута намали на 3:1, а Мустафов зголеми на 4:1, а конечните 4:2 ги постави Стојковски.

Силекс и Пелистер одиграа 3:3.