Салах е најдобар играч во Премиерлигата за сезоната 2017/18!


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах игра фантастично сезонава во дресот на „црвените“ и досега постигна 31 гол на 35 натпревари.

До крајот на сезоната останува уште едно коло во Премиерлигата, а Египќанецот ќе има можност да го подобри својот рекорд во англиското првенство.

„Многу сум среќен и ова е голема чест за мене. Секогаш сакав да дојдам во Премиерлигата и да покажам колку навистина можам“, кажа Салах по доделување на наградата.