Само еден играч од Реал не му се заблагодари на Зидан


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид ја шокираше фудбалската јавност, а капитенот на тимот, Серхио Рамос, е единствениот кој разговарал пред повлекувањето на легендарниот Французин.

Сите играчи на Реал на социјалните мрежи напишаа порака за збогум, а единствен кој не напиша ништо беше Герет Бејл, јунакот на финалето во Лигата на шампиони против Ливерпул.

Бејл во последно време беше незадоволен поради статусот во екипата, а по триумфот во Киев, најави дека летово може да го напушти „Сантјаго бернабеу“.

Инаку, интересн податок е тоа што за две ипол години, колку што Зидан помина на клупата, Реал купи само три играчи – Тео Ернандез, Дани Себалјос и Алваро Мората. А, за нив плати вкупно 705 милиони евра.