Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму откако се врати во процесот на тренинг, Лео Меси, по повредата на раката, а веќе за Барселона се појави нов проблем.
Клубот соопшти дека Филипе Кутињо ќе мора да паузира помеѓу две и три недели поради повреда на предната ложа на левата нога.
Медицинскиот тим утринава му препорача на Бразилецот да мирува за да закрепне од повредата, што Барселона го прифати како факт.
Тоа значи дека тој ќе го пропушти мечот со Бетис, додека под знак прашање ќе биде и за дербито против Атлетик, како и во претпоследното коло од Лигата на шампионите против ПСВ.
Тежок удар за Ернесто Валверде кој ќе мора да пронајде алтернатива за фантастичнио офанзивец.