Сампаоли откри што се случи помеѓу него и Меси на мечот со Нигерија

Селекторот на репрезентацијата на Аргентина, Хорхе Сампаоли демантираше дека со Лионел Меси се консултирал на мечот против Нигерија.

По убедливиот пораз од Хрватска, се појавија информации дека Меси и Хавиер Маскерано ќе го предводат националниот тим.

Новинарите го потсетија Сампаоли на моментот од финишот на натпреварот со Нигерија.

„Се сеќавам на деталот, но тоа е лична информација. Не е тоа што мислите. Ние ја разгледувавме ситуација и јас му ја кажав нашата стратегија“, вели Сампаоли.