Сантос нуди двајца играчи на Интер за да го зачува Габигол


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од редовите на Сантос се подготвени да му понудат двајца играчи на Интер за од италијанскиот клуб да му го остават Габриел Барбоса, многу попознат како Габигол.

Габигол беше трансфер промашување на Интер по неговиот трансфер вреден 29.5 милиони евра.

Бразилецот се врати во неговиот стар клуб Сантос на позајмица откако еднаш не успеа да се наметне во Бенфика. Сепак во Сантос Габигол ја покажа својата стара форма и сега од клубот со сите сили сакаат да го задржат во своите редови.

За таа цел од Сантос ги нудат Бруно Енрике и Едуардо Саша на италијанскиот тим. Енрике една сезона помина во Волфсбург и игра на десната крилна позиција, додека пак Саша се уште нема заиграно на европско тло.