Санчо си оди од Борусија Дортмунд и бира меѓу два европски гиганти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екстра талентираниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо би можел да си замине од редовите на германскиот клуб следното лето и да стане првиот англиски играч кој би можел да чини над 100 милиони фунти.

18 годишниот фудбалер буквално експлодира оваа сезона во дресот на „Милионерите“ и досега запиша вкупно осум погодоци на 17 натпревари, а го имаше и своето деби за репрезентацијата на Англија.

За Санчо наводно се интересирал Манчестер Јунајтед, а неговите настапи ги следел и тимот на ПСЖ. Овие две екипи се најсериозните кандидати за потписот на Џејдон Санчо.