Сари: Азар најдобро зборува со „нозете“…


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Менаџерот на Челси, Маурисио Сари го коментираше најдобриот фудбалер на „Плавите“, Еден Азар.

„Понекогаш повеќе сакам кога Еден Азар зборува со „нозете“. Има поголем потенцијал отколку што покажува, пора да има почит, пред се за себе“, истакна Сари.

Челси во четврток од 20:45 ќе се состане со Тотенхем во реванш мечот од Лига Купот.

„Еден е фантастичен фудбалер, но пред се индивидуалец. Има одличен инстинкт. Многу е важен за нас, секогаш мора да направи пресврт за две минути, некогаш само и за една“, истакна Сари.

Екипата на италијанскиот стратег во првиот дел е поразена од Тотенхем со 1:0 и сега пред домашната публика имаат шанса да се пласираат во финалето. Манчестер Сити пак, го чека победникот од овој дуел во финалето.