Сари откри дали разговарал со раководството на Челси за неговото евентуално заминување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурисио Сари на прес конференцијата пред утрешниот натпревар против Малме истакна дека не разговарал со сопственикот Роман Абрамович, ниту пак се сретнал со спортскиот директор на клубот, Марина Грановскаја.

„Скај Спортс“ вчера излезе со соопштение дека од клубот сериозно ја разгледуваат опцијата да го отпуштат Сари доколку не успее да го обезбеди трофејот во Лига купот чие финале е закажано за недела, а каде Челси ќе се сретне со Манчестер Сити.

„Мора да размислувам дека ќе бидам тренер на Челси долго време, во спротивно нема да можам да работам. Не сум сигурен, но јас мислам дека треба да размислувам вака. Секако, во овој момент е многу тешко да се замисли дека ќе победиме на три или четири натпревари со ред. Знаете дека во фудбалот се може да се случи за еден ден. Оваа недела немам разговарано со никој од  клубот“ –заклучи Маурисио Сари.