До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
На две кола до крајот на шампионатот во Италија, Јувентус има шест бодови повеќе од Наполи, но и убедливо подобра гол разлика. Маурисио Сари и покрај големите напори не успеа да го симне Јувентус од тронот, а според последната негова изјава, веројатно ќе замине од клубот.
За него постои сериозен интерес од страна на раководството на Челси кое го гледа Сари како наследник на Антонио Конте кој веројатно ќе си замине од клубот по крајот на оваа сезона.
„Ако размислувам само за навивачите, би сакал да останам овде додека сум жив без оглед на заканите или можеби желбата на претседателот да ме отпушти. Но, мора да размислувате и за други работи. Ако ова мора да заврши, сакам Наполи да ми остане во убаво сеќавање цел живот. Најдобро е да заминам додека љубовта се уште е обострана, отколку кога ќе дојде до тешки моменти“ –коментираше Сари.













