Севилја во Челси ја пронајде замената за Нзонзи

Од таборот на Севилја се заинтересирани во своите редови да го донесат играчот од средниот ред на Челси, Тему Бакајоко.

Францускиот интернационалец не се изнаигра на „Стемфорд Бриџ“ и воопшто не ги оправда очекувањата по неговиот трансфер од редовите на Монако.

„РМЦ Спорт“ пренесува дека клубот од Андалузија го посочил Бакајоко како замена за Стивен Нзонзи кој е на излезната врата од клубот со оглед дека за него интерес има од Арсенал и ПСЖ.