Севиља: Никогаш не ги прекинавме преговорите со Интер, за Јоветиќ

 

 

Претседателот на Севиља, Хозе Кастро потврди дека сеуште траат преговорите со Интер, за напаѓачот Стефан Јоветиќ.

Информациите утрово кои осамнаа во шпанските медиуми говорат дека Шпанскиот клуб е пред потис со Црногорскиот фудбалер, кој минатата сезона ја помина на позајмица во шпанскиот клуб.

„Никогаш не престанавме да преговараме за него“ – изјави Кастро

„Голема е веројатноста тој да се врати и повторно да заигра за нашиот клуб, но тоа не е само до нас, а ако не успееме да го доведеме ќе се насочиме кон други фудбалери.“ – заврши претседателот.