„Сега е време за освојување на Грен Слемови“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Најдобриот тенисер во светот, Енди Мареј изјави дека откако го осигурал првото место на АТП листата, сега ќе се посвети да го зголеми бројот на освоени Грен Слем титули.

    Мареј во досегашниот дел од кариерата освои три Грен Слема, со 2 олимписки злата, а првото место на АТП листата го потврди со победата против Ѓоковиќ во финалето во Лондон со 6:3 и 6:4.

    „Сега, кога стигнав овде, јасно е дека ќе бидам мотивиран да останам. Но, Грен Слемовите ме мотивираат.“

    29-годишниот Мареј најави дека прво ќе замине на одмор, а од декември ќе почне подготовки за наредната сезона. Главна цел ќе му биде да е подготвен за Австралија Опен.

    „Кога во декември ќе почнам со тренинзи, во глава ќе ми биде Австралија Опен. Бидејќи се игра на освоени три сетови, тоа се турнири во кои мора да вложите повеќе напор.“