До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот стратег на Вардар и Хоризонт Турново, Гоце Седлоски ќе биде новиот предводник на амбициозниот тим на Рига од Литванија.
Седлоски вчера пристигнал во Рига каде ставил потпис на договор кој ќе биде во траење од една година со опција истиот да се продолжи на уште една.
Рига е амбициозен тим кој минатата сезона завршил на третата позиција во литванската лига со што обезбеди учество во квалификациите од Лигата на Европа.
Седлоски уште утре ќе патува со својот нов тим на подготовки во Абу Даби каде ќе се подготвува за почетокот на новата сезона во литванското првенство.















