„Секогаш возев со страв!“


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Стјуарт вели дека Хамилтон станал премногу самоуверен во својата борба за 4-та титула, откако Нико Розберг успеа да го помине во генералниот пласман со 3 победи по ред.

    Хамилтон имаше лош викенд во Сингапур. Тој имаше предност од 19 поени пред паузата во лето, но Розберг успеа да победи во Белгија, Италија и Сингапур и сега се наоѓа на 8 поени предност пред својот колега Хамилтон.

    „Ова може да се случи само кога мислиш дека се оди лесно и како што треба, но за секунда може да се смени се. Па ти почнуваш да се трудиш премногу, но не ти оди баш најдобро, а во тој момент доаѓа некој и вози многу подобро од тебе.“

    Стјуарт, единствениот англиски трикратен Ф1 шампион додава дека него стравот го движел секогаш кон успех.

    „Секогаш стравот ме движеше кон успехот. Секогаш мислев дека има подобар од мене или дека болидот му е подобар. Затоа, секогаш возев со страв. Немаше време за одмор.“