Селекторот на Италија го објави списокот на играчи за Шпанија и Македонија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија Џемпјеро Вентура го објави списокот на игррачи кои се повикани за натпреварите од квалификациите за СП против Шпанија и Македонија.

    Списокот повеќе-помалку очекуван, единствено што е изоставен Лоренцо Исиње, но треба да се земе во предвид дека тој на почетокот на сезоната и не е баш стандарден во Наполи.
    Список:

    Голмани: Буфон, Донарума, Перин

    Одбрана: Астори, Барзаљи, Киелини, Кришито, Дармијан, Де Шиљо, Огбоба, Ромањоли.

    Средина: Бернандески, Бонавентура, Кандрева, Де Роси, Флоренци, Монтоливо, Пароло, Верати.

    Напад: Белоти, Едер, Габијадини, Имобиле, Пеле, Сансоне.