Се враќа заборавениот играч на Баерн Минхен


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Место во стартната постава на Баерн против Аугсбруг по долго време ќе добие Холгер Бадстубер.

    Поранешниот германски репрезентативец поради повредата на стапалото мораже да биде надвор од теренот уште од февруари, а иако се врати на тренинзите во септември, прилика за игра не доби бидејќи му беше потребно време да ја врати својата форма и кондиција.

    Од Баерн соопштија дека Бадстубер сега конечно е подготвен и дека најверојатно на натпреварот против Аугсбург во Германскиот куп ќе започне од првата минута. Натпреварот ќе се одигра на Алијанц Арена со почеток во 20:45.

    Бадстубер во Баерн Минхен е уште од младинските категории и за минхенскиот клуб одигар вкупно 174 натпревари, а постигна два гола.