Се пласираа во четвртфинале по 16 години: Како изгледаше составот на Ајакс во 2003 година?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ајакс по деценија ипол ќе игра во завршницата на Лигата на шампиони, откако синоќа го победија Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-1.

Холандскиот клуб се пласираше во четвртфиналето, откако последен пат тоа го направија во 2002/03 година, а тогаш во тој дел од натпреварувањето беа елиминирани од Милан.

Првиот меч во Амстердам заврши без голови (0-0), а составот на Ајакс изгледаше вака:

Лобонт, Трабелси, Галашек, Ибрахимовиќ , Пиенар, Максвел, Пасанен, О`Брајен, Јакубу, Ван дер Варт. А, од клупа шанса добија Јари Литманен, Нигел де Јонг и Весли Снајдер.

Дури 16 години подоцна Ајакс има шанса да постигне уште подобар резултат, а наскоро ќе го дознаат противникот во четвртфиналето.