Се раѓа новиот Анчелоти: „Лошиот“ Инзаги со Салерентина до најубав фудбал во Серија А


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Ќе зборуваше за Симеоне Инзаги, братот на Пипо, тој кој го стави во сенка својот брат.

    Симоне не се наигра многу фудбал, но и како вечна резерва во Рим успеа од клупата да учествува во најголемите успеси на клубот во овој век, а тоа е освојување на „Скудетото“ во 2000-та година и 3 трофеи во купот во 2000, 2004 и 2009 година.

    Штом ја заврши кариерата веднаш влезе во тренерските води, а за само 6 години успеа да се крене себеси толку високо што цела Италија во последните недели зборува само за Симеоне Инзаги.

    Во што е тајната на магијата на Инзаги ни кажа Гаетано Мокаро, новинар во Италија и голем навивач на Милан.

    „Симоне веќе долго време е почитуван од управата на Лацио. Си одработи себеси одлична работа со младиот тим со кој освои 2 купови и суперкуп, а беше одличен и во текот на пролетта кога го водеше тимот наместо Пиоли.“

    „Не ја доби работата од причина што Лацио не избори пласман во ЛЕ. Тоа е врвот на кризата на овој клуб, навивачите беа разочарани и бесни, војуваа со претседателот, а стадионот беше празен. Мизерна ситуација владееше во Рим.“

    Каков беше планот за Симоне Инзаги во таквиот хаос?

    „Лотито, кој го мразат скоро сите навивачи на Лацио, сакаше да му ја врати популарноста, а тоа ќе ги врати навивачите на стадионот и ќе го разбуди изгубениот ентузијазам. Сакаше познато тренерско име да седи на клупата, човек кој ќе го реконструира тимот.“

    „Му го подготви местото на Инзаги во Салерентина, клуб чиј сопственикот е исто така тој.“

    Како клубот брзо тргна во вистинска насока со Инзаги и тоа откако имаше 2 тренери пред него?

    „Лацио прво се договори со Прандели, а потоа Лотито одлучи Биелса да го вработи, дури и му вети седум нови фудбалери пред почетоко на сезоната.“

    „Но Лацио немаше пари да ги купи, па Биелса поднесе оставка и пред да долета во Рим. Без Прандели и Биелса, во ситуација кога сезоната тропа на вратата, Лотито немаше друг избор освен да го повика повторно Инзаги. Ситуацијата беше депресивна во клубот.“

    Каков тренер Лацио доби во Симоне?

    „Станува збор за човек кој го познава клубот. Беше долго време играч на овој тим и тренер во младите категории и знае како овој клуб функционира. Психички е многу силен, интелигентен е и експериментира. Сака да игра офанзивно во формација 4-3-3.“

    „Добар карактер го прави тренерот уште подобар, не е груб во давањето на задачи, а дури и легендата Мирослав Клосе и поранешната ѕвезда Антонио Кандрева советуваа Симоне да го води првиот тим на Лацио.“

    Покрај дорбите резултати, Инзаги успеа да промовира и млади фудбалери?

    „Симеоне многу добро ги познава младите играчи од клубот и покажа оваа есен неколку пати дека знае добро да ги води во сениорска конкуренција.“

    „Шанса доби и мистериозниот бек Патрик, кој минатата сезона го немаше, а сега понекогаш добива предност во однос на Баста.“

    Како го разбуди Кеита Балде, Фелипе Андресон и Имобиле кои се најубав дел од Лацио?

    „Така што беше доволно паметен дипломат  повторно да изгради однос помеѓу Лацио и Балде. Кеита бараше да замине минатото лето, па клубот реши да го казни. Инзаги одлучи да му даде нова шанса, па сега имаме факт дека тој ја игра најдобрата сезона во кариерата.“

    „Плус фудбалот кој го игра Лацио е едноставно фантастичен, еден од најубавите во Серија А. Играат напаѓачки, брзо, технички. Андресот, Балде и Имобиле се најдоброто напаѓачко трио во Италија.“

    По се кажано, колку големи се целите на Симоне како тренер?

    „Мислам дека би можел да биде за Лацио исто тоа што Анчелоти беше за Милан – тренер кој остана во клубот неколку успешни години. Се тоа е возможно бидејќи освен што е талентиран тренер, тој го носи Лацио во себе и го претставува каде и да се појави.

    Најголем испит за Инзаги ќе биде наредната недела на „Олимпико“ против Рома. Повторно на трибините ќе бидат навивачите, кои зад себе со гордост изјавуваат дека првиот клуб во Рим ќе биде исполнет со оптимизам и возбудување.