„Се тресев кога разговарав со Тоти“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Рома, Рамон Родригез Вердерхо или многу попознат како Мончи врши одлична работа во клубот по неговото доаѓање од Севилја.

Шпанецот  со години со успех го водеше клубот од Андалузија со кој меѓу останатото рекордни три сезони по ред ја освојуваше Лигата на Европа, а сега е дел од изградбата на тимот кој во моментов игра перфектно во Италија и јури кон тронот по подолго време.

Меѓутоа, дури и познатиот Шпанец не беше имун на шармот кој го има легендарниот играч на Рома, Франческо Тоти. Поранешниот капитен на „Волчицата“ ја започна својата работа како официјално лице на клубот по неговата пензија по крајот на минатата сезона.

„Кога го прашав да работи со мене, ми се тресеа нозете зошто не станува збор за било кој фудбалер, разговарав со Франческо Тоти“- ја пренесе „Фудбал Италија“ изјавата на Мончи.