Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Бразил стигна до првата победа на Мундијалот во Русија, но тоа не ја подобри атмосферата во тимот. Дефанзивецот Тијаго Силва е разочаран со однесувањето на Нејмар во финишот на натпреварот со Костарика.
Бразилците стигнаа до победа против Костарика во судиското продолжение. Нервозата беше присутна во целото второт полувреме, а кулминираше со караница помеѓу Силва и Нејмар, поради тоа што дефанзивецот ја исфрлил топката во аут додека играч на Костарика лежел на теренот.
„Нејмар ме навредуваше. Мислеше дека треба да продолжам со нападот. Тоа ме направи тажен. На него гледам како помлад брат и се грижам за него, не му требаше тоа. Посебно зашто таа топка немаше да ни донесе победа“, објасни Силва.
Бразил е блиску до пласман во осминафиналето, а за тоа му е потребно барем реми против Србија во третото коло во групната фаза.