Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антоан Гризман интензивно се поврзува со трансфер од Атлетико Мадрид, а за него има сериозен интерес од ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Барселона.
Веќе станува јасно дека четвртата сезона во црвено белиот дрес ќе биде и последна за него што меѓу редовите го потврди и Диего Симеоне.
„Секако дека Гризман во еден момент ќе замине од Атлетико како што заминаа и Диего Коста и Арда Туран. Ги сакам своите играчи и сакам да гледам како растат. Не сум неблагодарен. Ако играчот дојде кај мене и ми каже дека има животна шанса да заигра за одреден клуб, а претходно ми го дал сето тоа што го можел, секако дека ќе речам дека тоа не е проблем“- коментираше Диего Симеоне за „Лекип“.
Гризман оваа сезона не е во најдобра форма и постигна седум голови на 18 натпревари од Примера и Лигата на шампионите.