До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини би можел да отсуствува од терените во следните два месеци доколку се потврди дека има оштетување на вкрстените лигаменти на коленото.
Фелаини ќе замине на дополнителни тестови во Керингтон во текот на денешниот ден откако ќе му спадне отокот на коленото за да се добие чиста дијагноза.
Возможното оштетување на вкрстените лигаменти ќе бараат операција за да се реши проблемот по која постои можност 30 годишниот фудбалер да биде надвор од терените до почетокот на април.
Белгискиот интернационалец помина на теренот само седум минути на натпреварот против Тотенехем откако во 62. минута го замени Пол Погба.















